Search

„Рекордите се должат на мутирање на вирусот“, рече Софијанова

Според проф. д-р Аспазија Софијанова, рекордите на вирусот се должат на мутирање на вирусот. Софијанова ова го кажа во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.

 

„Зборуваме за рекорди, тоа се должи на мутирање на вирусот, па почнавме да се адаптираме, па почнавме да сфаќаме дека вирусот добива нова димензија и тоа е затрашувачко“, рече Софијанова.

 

Таа исто така додаде дека не треба да се заборави и духовниот момент, и дека кога луѓето ќе го слушнат зборот „рекорд“, се создава паника и страв, а тоа може да биде контрапродуктивно во битката со оваа пандемија.

Треба да знаете
Последни објави