Search

Рекорден прилив на мигранти во Британија, се засилуваат контролите

Британската Влада денеска најави дека ќе ги засили контролите на границите, откако рекорден број мигранти за еден ден го преминале каналот Ламанш и влегле во земјата со мали чамци.

Како што пренесуваат британските медиуми, најмалку 235 мигранти во 17 чамци пристигнале и биле фатени од британските граничари, со што е надминат минатонеделниот рекорд на 202 пристигнувања за еден ден.

Мигрантите веќе долго време ја користеа северна Франција како почетна точка за да стигнат до Велика Британија, во камиони што минуваат низ тунелот под Ламанш или на траекти.

Пред пандемијата на коронавирусот, силната британска економија и потребата за работна сила на фарми и во ресторани привлекуваа мигранти од целиот свет.

Откако границите беа затворени, тие почнаа да доаѓаат со мали чамци организирани од шверцери на луѓе.

Британската Влада ги повика француските власти да направат повеќе, а министерот за финансии Риши Сунак најави дека следната недела министерот за миграција ќе отпатува за Франција каде ќе разговора за натамошни и посилни мерки за запирање на приливот на мигранти кои пристигнуваат во Велика Британија со чамци.

Треба да знаете
Последни објави