Search

Рекорден пораст на невработеноста во Франција

Франција забележа драстично зголемување на невработеноста, како причина од воведените ограничувања поради борба против коронавирусот.

Во април се регистрирани нови 843.000 невработени во споредба со март, или 22,6 отсто повеќе, јави дописникот на МИА.

Бројот на невработени го достигна своето највисоко ниво од 1996 година, односно над 4,5 милиони. За повеќе од три месеци, во оваа категорија се регистрирани 1.065.200 дополнителни лица кои бараат работа.

Треба да знаете
Последни објави