Search

Рекорден пораст на бројот на новозаразени во Чешка

Во Чешка вчера биле регистрирани нови 127 случаи на Ковид-19, соопштија денеска здравствените власти.

Тоа е најголем пораст на дневно ниво во бројот на заразени во последните два месеца, а до него доаѓа во време кога Чешка ги ублажува рестриктивните мерки, кои се однесуваат на фабриките и јавниот живот.

Во земјата со население од 10,7 милиони луѓе, до утрово се регистрирани вкупно 10.780 случаи на коронавирус. Вкупно се 7.592 се сметаат за излечени, 2.844 случаи и натаму се активни, а 344 досега се починати.

Претходниот рекорден број на случаи во Чешка беше регистриран на 21 април, кога биле пријавени 133 случаи.

Треба да знаете
Последни објави