Search

Рекорден пад на емисиите на штетни гасови во ЕУ во последните 30 години

Стапката на стакленички емисии бележи рекорден пад во 2019 година, и е на најниско ниво во последните триесет години, објави денеска Европската Комисија.

Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, ова претставува намалување од 27 отсто на штетните емисии на гас во споредба со 1990, референтната година за климатските стратегии во светот, стои во годишниот извештај за климатска акција на Европската Унија кој го мери прогресот на климатските цели на 27-те земји членки на Унијата.

Потпретседателот на Европската Комисија задолжен за климатските прашања, Франс Тимерманс, по овој повод изјави дека ЕУ докажа дека е возможно да се намалат стакленичките гасови ако се вложи напор во тоа.

-Меѓутоа, додава тој, денешниот извештај повторно покажува дека треба да ги зголемиме напорите во сите области на економијата за да ја постигнеме нашата цел на климатска неутралност до 2050 година. Транзицијата е изводлива доколку ги почитуваме заложбите и ги зграпчиме можностите за закрепнување на економијата на позелен начин создавајќи здрава иднина за сите.

Треба да знаете
Последни објави