Search

Рекорден награден фонд за „Ју Ес Опен 2019″

Организаторите на „Ју Ес Опен” објавија дека оваа година наградниот фонд на турнирот ќе биде рекорден. Вкупниот износ што ќе го поделат играчите е 57 милиони долари.

Победниците кај мажите и жените ќе заработат 3,85 милиони долари, што е за 50.000 повеќе од минатата година. Тенисерите кои ќе бидат елиминирани од првиот круг ќе освојат 58.000 долари.

Шампионите во парови ќе добијат по 740.000, а двојките, кои нема да ја поминат првата рунда – по 17.000.

Наградниот фонд ќе биде највисок не само во историјата на „Ју Ес Опен”, туку и во споредба со трите други Гренд-слем турнири.

Отвореното првенство на САД во тенис ќе започне на 26-ти август и ќе трае до 8-ми септември.

Треба да знаете
Последни објави