Search

Рекорден број смртни случаи во Австралија за 24 часа

Австралија денеска соопшти за рекорден број смртни случаи од новиот коронавирус во изминатите 24 часа. Сите 21 смртни случаи се пријавени во државата Викторија. Со нив, вкупниот број на смртни случаи во државата достигна 267, а во целата земја – 352.

Во изминатите 24 часа, во главниот град на Викторија, Мелбурн се регистрирани 410 нови случаи на инфекција, откако нивниот број беше под 400 за три последователни дена.Уште 18 новозаразени се регистрирани во државата Нов Јужен Велс. Вкупниот број на случаи на коронавирус во Австралија достигна 22.127.

Кластерот за зараза во Мелбурн, втор по големина град во Австралија, со 4,9 милиони жители, ги принуди властите минатата недела да воведат полициски час, да ги заострат ограничувањата за движење на луѓето и наредија затворање на големи сектори на економијата.

Треба да знаете
Последни објави