Search

Рекорден број починати од Ковид-19 во Албанија

Во последното деноноќие во Албанија од Ковид-19 починале седум лица што е највисока бројка до сега. Меѓу починатите е и педесетгодишна акушерка од Елбасан и 71-годишниот свештеник Тоди Јовани од Подградец.

Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа опасниот вирус е дијагностициран кај 284 новозаразени од 1.278 тестирани што е 22,2 отсто од тестираните. Во исто време во списокот на оздравени впишани се 103 лица, додека во двете ковид болници хоспитализирани се 285 пациенти.

Од почетокот на пандемијата до сега во Албанија се направени 119.607 тестови, позитивни на Ковид-19 биле 19.729, оздравеле 10.808, починале 487 а активни на болеста се 8.434 лица.

Треба да знаете
Последни објави