Search

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Грција

Во Грција се потврдени 453 нови случаи на коронавирус, што е најголем број во еден ден од почетокот на епидемијата.

Најголем број нови случаи се поврзани со жариштето во мигрантскиот камп на островот Лезбос – 184, а 174 нови случаи се потврдени во Атина и околината.

Вкупниот број заболени во Грција е 15.595, а досега од коронавирус починале 344 пациенти.

Треба да знаете
Последни објави