Search

Рекорден број новинари во затвор поради нивната работа

Рекорден број новинари во светот се наоѓаат зад решетки поради објавување на својата работа, вклучително и двајца новинари на Ројтерс чие затворање во Мјанмар предизвика реакција во меѓународната заедница.

Заклучно со 1 декември во светот бил затворен 251 новинар, се наведува во годишниот извештај на Одборот за заштита на новинарите. Трета година по ред, повеќе од половина од нив се во Турција, Кина и Египет, каде властите ги обвинуваат новинарите за противладини активности.

Турција го држи неславното прво место, со 68 новинари зад решетките.
Интересно е тоа што дури 87 отсто од новинарите се мажи.

Според извештајот, 70 проценти од затворените новинари се за дела против државата. Единаесет отсто се обвинети за „лажни вести“, 13 проценти за одмазда, а 18% се затворени без одмазда.

Бројот на новинари затворени поради обвинение за „лажни вести“ се искачи на 28, наведува Одборот чие седиште се наоѓа во САД и е непрофитна организација.

Извештајот го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради користењето на изразите „лажни вести“ за негативно известување за него, фрази кои исто така ги користат и други челници кога критикуваат новинари, како оние од Филипини и во Турција.

Треба да знаете
Последни објави