Search

Рекорден број на тестови за коронавирус и 190 новозаболени во Хрватска

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 190 новозаболени од коронавирус и смрт на тројца пациенти, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Наведено е дека досега е тестиран рекорден број примероци – 5.549.

Бројот на моментално активни случаи во Хрватска е 2.430, од ​​кои 327 пациенти се во болница.

На респиратор се приклучени 26 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска, 13.107 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 211 починале, а 10.466 оздравеле.

До денес се тестирани вкупно 210.805 лица.

Треба да знаете
Последни објави