Search

Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во Токио

Во Токио денеска се пријавени речиси 500 нови случаи на коронавирус, што е најголем број од избувнувањето на пандемијата.

На почетокот на август, во областа на Токио беа регистрирани 472 заразени лица во текот на 24 часа.

Во Јапонија, бројот на заразени расте во последните неколку недели, поради што експертите бараат од владата да воведе рестриктивни мерки.

Повеќе од 120.000 луѓе биле заразени во Јапонија, а од вирусот починале речиси 2.000 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави