Search

Рекорден број на заразени во Русија за еден ден

Бројот на новозаразени во Русија во последните 24 часа забележа рекорден скок од 771 лице и сега вкупно изнесува 3.548 инфицирани, објави рускиот кризен центар за коронавирус.

Случаи на зараза се потврдени во 76 руски региони, од околу 80, а Москва е сè уште главно жариште со 585 случаи, соопшти центарот.

Според податоците на руските здравствени власти досега починале триесет лица.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ги повика московјаните сериозно да ги сфатат повиците за останување дома и со тоа да придонесат за спречување на ширењето на вирусот.

„Ги повикувам луѓето од Москва и луѓето од регионот да ги преземат овие неопходни мерки, да ги сфатат најсериозно и со целосна одговорност“, рече Путин.

Тој понатаму нареди постојано и објективно известување на руското население за развојот на епидемијата.

Конечно, претседателот им нареди на гувернерите на руските провинции навистина да вложат труд во борбата против ширењето на вирусот и нивната работа да не се сведе само на пишување извешти.

Треба да знаете
Последни објави