Search

Рекорден број заразени со Ковид-19 во еден ден во Велика Британија

Британија пријави 6.643 нови случаи на зараза со Ковид-19, што, според официјалните податоци, претставува рекорден број на инфицирани лица за еден ден и е знак дека државата ја погодил вториот бран на пандемијата.

Денешниот врв на вториот бран е многу поголем отколку во април и мај, затоа што Велика Британија во тоа време немаше можност да тестира толку голем број граѓани. И во овој момент, капацитетите за тестирање се затегнати.

Беше соопштрено дека уште 40 лица починале од вчера, но здравствените власти наведоа дека за време на првиот бран се регистрирале по 1.000 жртви на вирусот дневно.

Треба да знаете
Последни објави