Search

Реконструкција на повеќе улици во Аеродром

Од денеска почнаа градежните активности за реконструкција на улици на повеќе локации во Општина Аеродром. Во населбата Лисиче се реконструира улицата „Илија Димовски“, со што се решава долгогодишниот проблем на жителите на овој дел од населбата, кои се соочуваа со насобрана вода по секој пообилен дожд. Исто така, ќе бидат реконструирани и неколку краци на улиците на булеварот „Трета македонска бригада“, во непосредна близина на средното училиште „Димитар Влахов“. Општина Аеродром продолжува со активностите за подобрување на инфраструктурата и олеснување на секојдневното функционирање на жителите.

Треба да знаете
Последни објави