Search

Реконструирани соблекувалните и таолетите во ООУ „Д.Х.Димов“ во Влае

Општина Карпош целосно ги обнови тоалетите и две соблекувални во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае. Станува збор за комплетна санација на машката и женската соблекувална и на санитарниот јазол, која опфати поставување на нови плочки, санитарија, како и бојадисување на просториите. Примарната цел е да се овозможат подобри услови за престој и спортување на учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“.

Во ова училиште функционира и сензорната соба за ученици со попреченост, што е чекор плус во градењето на квалитетно и инклузивно основно образование. Општина Карпош продолжува со реконструкции по основните училишта и во 2020 година. За оваа намена се предвидени четири милиони денари од општинскиот Буџет.

 

Треба да знаете
Последни објави