Search

Рекет: Се разболеа адвокатите на Јанева

Денешното рочиште за случајот “Рекет” се одложи поради болест на адвокатите на обвинетата Катица Јанева, која остана сама во судницата.

-На 15 јануари е стигнато барање за одлагање, бидејќи адвокатот Кадиев е на болничко лекување. Денеска стигна барање и од адвокат Ирена Фрчковска исто така за одлагање, која исто така била болна, но за разлика од Кадиев, нема доставено документација, рече судијката Васка Николовска Масевска.

На денешното рочиште требаше да сведочат поранешните обвинители од СЈО, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.

Во случајот „Рекет“ обвинети се поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски.
Стефанова летоска во август беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција и рече дека кажала сè што знаела за поврзаноста на предметот „Империја“ со „Рекет“.

Наредното рочиште е одложено за во четврток.

Треба да знаете
Последни објави