Search

„Рекет“и Луковски пак го отвораат прашањето дали Телеком ја финансирал изградбата на „Белиот дворец“

Фокус денеска објави архивски текст од 2018 година кој се однесува на случајот на Телеком и изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато како Белиот дворец, а во контекст на последните случувања.

Во еден од разговорите што ги објави италијанскиот медиум „Ла Верита“ поврзани со случајот „Рекет“, првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 му говори на бизнисменот Орце Камчев за човек кој, како што вели Боки 13, завршил работа преку СЈО и ЗЗ. Според разговорот меѓу двете лица, станува збор за поранешниот оперативен директор на „Телеком“, Жарко Луковски, кој беше опфатен во предметот на СЈО наречен „Базни станици“. Иако телекомуникацискиот оператор имал свој тим за легализација на базните станици, сепак, одлучил да му плати за оваа работа на скопски „Бетон“, кој веднаш потоа го градеше новото партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ, во чии рамки и исплати 2 милиони евра на партијата поради наводна грешка при квадратурата. Постои ли поврзаност меѓу двата случаи?

Треба да знаете
Последни објави