Search

Река: Се надевам ќе докажеме дека сме држава која има капацитет да оди напред

Кандидатот за претседател, Блерим Река, по остварувањето на своето гласачко право во општина Бутел рече дека очекува мирен изборен ден и ги повика граѓаните да излезат масовно и да го исполнат своето право на глас.

„Го искористив своето право и глава во општина Бутел каде што живеам. Со вака убаво време јас мислам дека и расположението кај граѓаните е такво и се надевам дека со ова ќе докажеме дека сме држава која е подготвена да ги почне преговорите за членство во ЕУ, со што ќе докажеме дека имаме и институционален и административен и политички капацитет државата да ни оди кон евроатланските интеграции. Граѓаните нека гласаат за оној за кој што мислат дека треба да го дадат својот глас”, рече кандидатот за претседател, Река.

ФОТО И ВИДЕО: 24-Инфо

Треба да знаете
Последни објави