Search

Река: Остануваме цврсто на одлуката дека проблемот со ПЈРМ треба да се реши

Река: Остануваме цврсто на одлуката дека проблемот со ПЈРМ треба да се реши

Движењето Река на вчерашниот состанок на политичкиот совет одлучи дека останува во опозиција, но паралелно не ја менува одлуката донесена на Конгресот дека проблемот со името треба да се реши, јави дописничката на МИА од Атина.

-Река на секој начин опозициски ќе биде против владиното мнозинство. Изнудувањето на глас за доверба беше со користење на сите стари партиски методи на рушвет и тоа е удар на демократијата. Во исто време нашето движење останува цврсто на одлуката на Конгресот дека проблемот со ПЈРМ треба да се реши и Грција треба да биде протагонист во отворањето на европскиот пат за соседната земја, се главните заклучоци од синоќешниот состанок на политичкиот совет на кој присуствуваа лидерот Ставрос Теодоракис, пратениците и европратениците од Река.

Едногласно било заклучено дека партијата во патриотските прашања не се поставува размислувајќи на партискиот интерес, ниту менува ставови врз основа на околностите.

Треба да знаете
Последни објави