Search

Реина пред големото дерби: Јувентус го почитуваме, ама не се плашиме

Екипата на Милан не успеа да го освои целиот плен на гостувањето во Андалузија кај Бетис во рамките на Лига Европа, но без разлика на тоа во таборот на калчолигашот се задоволни од постигнатиот резултат и фактот дека покажаа карактер за да се вратат во игра, а во исто време да го остават на страна поразот од првата средба на „Сан Сиро“.

– Секој тежок момент мора да стане можност од кој треба да излезе посилни. Го рековме тоа по првиот меч со Бетис и вечерва покажавме поголем баланс, – истакна искусниот Пепе Реина кој го искоментира и престојното дерби со Јувентус во Серија А.

– Ќе се соочиме со неопходната скромност и почит, но сигурно немаме страв, ние веруваме во себе. Можеме да сметаме на поддршката од преполниот „Сан Сиро“ и се надеваме дека добро ќе поминеме, – порача Шпанецот.

Треба да знаете
Последни објави