Search

Резултати од конкурси за доделување стипендии за средношколци за учебната 2020/2021 година

Министерството за образование и наука објави резултати од неколку конкурси за доделување стипендии за ученици од јавните и приватните средни училишта во земјава за учебната 2020/2021 година.

На веб-страницата на МОН се објавени резултати од конкурсите за доделување сто стипендии за талентирани ученици, сто стипендии за талентирани ученици – спортисти и сто стипендии за ученици со посебни потреби од средните училишта, како и резултати од Конкурсот за доделување педесет стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта.

Обајвени се и резултати од Конкурсот за доделување стипендии за ученици во ДСУ Спортска академија за учебната 2020/2021 година, како и резултатите од шест конкурси за доделување по девет стипендии за средношколци од наставни програми од: земјоделско-ветеринарна струка, односно сектор земјоделство, рибарство и  ветеринарство; електро-техничка струка, односно сектор електро-техника;  градежно-геодетска струка, односно сектор за градежништво и геодезија; машинска струка, односно машински сектор;  текстилно-кожарска струка, односно сектор текстил, кожа и слични производи и за наставни програми од угостителско-туристичката струка.

Во резултатите МОН ги објавува прифатените апликации, како и тие што се одбиени односно апликациите кои не се рангирани.

Треба да знаете
Последни објави