Search

Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше случајот Куманово, судовите на СДСМ ги потврдија казните

Алијанса за Албанците со соопштени реагира на одлуката на Апелацискиот суд да се потврдат затворските казни за осудените за настанте од Диво Насеље.

„Вчера режимот ВМРО-ДУИ со цел дефокусирање на вниманието на јавноста од скандалите на таканаречените бомби, го монтираше случајот Куманово, а денес новиот режим на СДСМ и ДУИ со истата цел и за дневни политики со исти механизми на фаќање на судството, ги потврди невидените казни во Нирнбершкиот процес.
Додека пресудите продолжуваат да бидат максимални само затоа што обвинетите се Албанци, јавноста не ја дозна вистината за тоа кој бил организаторот, кој даде наредба за пукање без предупредување за предавање кон момчињата во Јуначката населба?
Дали е вистина дека била издадена наредба за егзекуција на најмалку двајца учесници во конфликтот откако тие се предале, што можеле да откријат овие линчувани лица, итн.?
Само меѓународна истрага би дала одговор за сите овие дилеми, кои ние како Алијанса за Албанците бараме да се случи што е можно поскоро.
Албанците не можат да бидат жртвено јагне секогаш кога политичката класа во Северна Македонија треба да ги покрие своите скандали“.

Треба да знаете
Последни објави