Search

Реже Џин Пејџ нема да глуми во втората сезона на „Бриџертон“, фановите тажни

Главната машка sвезда на „Бриџертон“, Реже Џин Пејџ, нема да се врати во хит-серијата на „Нетфликс“ во улогата на војводата од Хејстингс за сезоната 2, на големо разочарување од многу фанови.

Веста беше објавена во петокот како напис во Society Papers на Лејди Вислдаун – популарните памфлети проткаени низ целата приказна на серијата. Овие памфлети беа викторијанска варијанта на Gossip Girl („Озборувачка“).

Британскиот актер по потекло од Зимбабве игра главна улога како Сајмон, војводата од Хејстингс – бунтовен млад ерген во алтернативниот приказ на лондонските балови од риџенси ерата.

Примамливиот, но недостижен војвода стана инстант sвезда по излегувањето на серијата. Тој предизвика глобални длабоки воздишки кај женската публика.

Веста дека Пејџ нема да се врати за втората сезона на хит-драмата ги остави фановите незадоволни.

„Ќе го нема“, напиша пејачката Дион Ворвик, придружувајќи се на многуте реакциии на социјалните мрежи.

„Бриџертон“ го гледаа 82 милиони домаќинства во првиот месец откако почна да се прикажува на „Нетфликс“, што ја прави најпопуларна оригинална серија на стриминг-платформата.

Треба да знаете
Последни објави