Search

Редок дијамант на продажба за 38 милиони долари на аукција

Исклучително редок виолетово-розов дијамант може да достигне цена од 38 милиони долари кога ќе се појави на аукција во Сотби следниот месец.

Скапоцениот камен од 14,83 карати, наречен „Духот на розата“, ќе се најде во продажба во Швајцарија следниот месец, повеќе од три години откако беше пронајден во рудник во североисточна Русија.

Преземајќи го своето име од рускиот балет Le Spectre de la rose од 1911 година, скапоцениот камен беше исечен од уште поголем груб дијамант, откриен од рударската компанија „Алроса“ во 2017 година. Тогаш, со тежина од 27,85 карати, се веруваше дека првичното откритие е најголемиот розов кристал некогаш откриен во земјата.

Розовите дијаманти се многу ретки, а колекционерите особено ги ценат.

Овој дијамант бил прикажан во Хонг Конг, Сингапур и Тајпеј пред да се појави на аукција во Женева на 11 ноември.

Треба да знаете
Последни објави