Search

Редовна филмска програма на МСУ од 1 април

Од понеделник, 1 април, Музејот на современа уметност-МСУ ќе почне редовна филмска и видеопрограма, со серија филмски проекции, разговори и предавања со наслов „Што е филм?”. Првата авторка чие творештво ќе биде претставено е Сафија Бенхаим, која во своите филмови го истражува прогонот како тема, но и недефинираната граница меѓу документарниот и играниот филм.

В понеделник во 20 часот во МСУ ќе има проекција на нејзиниот филм „Магична треска” – копродукција меѓу Франција и Мароко од 2014 година, проследена со разговор. Вториот ден ќе почне напладне со отворено предавање и ќе заврши со проекција на филмот „Темна крв” од 2018 година.

Разговорите по проекциите, како и предавањето, ќе го модерираат кураторката на програмата Кумјана Новакова и францускиот куратор и теоретичар Кристоф Постик, директор на фестивалот од Лузас.

-Редовната програма на МСУ филм и видео „Што е филм?” претставува серија филмски проекции и разговори, со цел долгорочно програмирање, истражување и презентација на извонредни аудиовизуелни дела, кои го дефинираат широкиот спектар на филмската уметност во целиот нејзин современ израз, соопшти МСУ. 

Треба да знаете
Последни објави