Search

Редовен октомвриски самит на лидерите од ЕУ

 Лидерите на ЕУ 27 денеска и утре ќе одржат во Брисел  редовен октомвриски самит  на кој ќе разговараат за зголемувањето на цените на енергенсите, забрзување на вакцинацијата против Ковид-19 во Европа, владеење на правото во Полска, односи со ЕУ со партнерите во источното соседство, зајакнување на улогата на ЕУ во меѓународната трговска сцена и политиката за миграција и азил.

Во пресрет на овој самит во Брисел, тие најавуваат дека ќе биде 107. и веројатно последен самит на кој канцеларката Ангела Меркел ќе ја претставува Германија.

Самитот на лидерите на ЕУ почнува денеска во 15 часот со работна сесија посветена на актуелното поскапување на енергенсите, што е предизвик за постпандемиското закрепнување и сериозно ги погодува европските граѓани и компании.

„Ќе разгледаме што може да се направи на ниво на ЕУ и на национално ниво, и во однос на краткорочното олеснување за најранливите и среднорочните и долгорочните мерки”, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во писмото со покана до лидерите на ЕУ, Мишел посочи дека пандемијата Ковид-19 „се уште не е завршена и дека бројките се зголемуваат во неколку земји-членки”.

Октомврискиот самит на ЕУ завршува утре со дискусија за европската дигитална трансформација, што, според Европскиот совет, е клучен двигател на економскиот раст, создавањето работни места и конкурентноста.

Треба да знаете
Последни објави