Search

Регистрирани три пожари за еден ден

На 22.03.2019 година околу 11,40 часот било пријавено дека на местото викано “Дворишка река“ атар на с.Двориште-беровско, настанал пожар,  кој зафатил ниско стеблеста шума и сува трева. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Берово. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Вчеа 19,45 часот, Б.А. пријавил дека над с.Љуботен-скопско настанал пожар, при што гореле дрвја и околу три хектари сува трева. Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита и локалните жители пожарот бил изгаснат.

На 22.03.2019 година во 19,30 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека настанал пожар во с.Скудриње на место викано “Вејзина нива“ при што горело ниско стеблеста шума и дрвја. Пожарот бил локализиран од страна на Противпожарна единица-Дебар во содејство со вработени од Национален Парк -Маврово. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Треба да знаете
Последни објави