Search

Револтирани студенти од Филмската акдемија во Охрид најавуваат тужби

,,Поминаа две недели откако се обративме до јавноста и побаравме итни одговори и мерки од страна на Министерството за образование и наука, кои ќе го решат нашиот проблем, како студенти и идни филмски уметници. Освен изјавата од министерството, во која беше само повторено дека се работи на решение и гласините кои дојдоа до нас дека наводно ќе има решение, сепак ние не сме добиле ниту едно официјално известување од министерството. Односно Министерството за образование и наука нема никаква комуникација со институција која е под нивна надлежност”, се вели во реакцијата на студентите на Институтот за филм – Филмска академија Охрид.

Тие велат дека веќе втор месец се оставени на цедило, сѐ уште со надеж дека ќе има позитивна разрешница и наскоро ќе почнат со редовна настава.

,,Два месеци, без никакво известување од Министерството за образование и наука до студентите кои доаѓаат од целиот свет, привлечени од квалитетниот проект кој го понуди ИФФА(ФИОФА), воопшто незаинтересирани за дневно политичките случувања во Македонија. Во најмала рака ова е несериозен однос од страна на едно министерство и воопшто на една сериозна држава, кон академски граѓани, високо образовани кадри и пред сѐ непочит кон уметници кои дошле во Македонија на дообразување, со желба за траен престој и придонес кон македонската кинематографија.

Револтирани поради молкот и непостапувањето на надлежните за ситуацијата во која се наоѓаат студентите на ИФФА(FIOFA), а за која претходно испративме писмо до сите релевантни медиуми, ја известуваме јавноста дека студентите кои имаат важечки договори со Министерството за образование и наука ќе започнат правна постапка и ќе покренат заедничка тужба, како и поединечни тужби до Министерството за образование и наука поради неисполнување и непочитување на договорите, како и поради дезинформирање или ненавремено информирање, поради кое студентите трпат материјални штети. Истовремено, интернационалните студенти ги известија своите матични амбасади, но и медиумите во своите земји. Ние сме студенти, уметници и филмски работници. Ние можеме да разбереме сѐ, но не и бескрајниот молк”, се вели во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави