Search

Ревизија: Фејсбук не прави доволно во борбата против дискриминацијата

Компанијата Фејсбук не прави доволно во борбата против дискриминацијата на своите платформи и некои одлуки на фирмата биле штетни за човековите права, се наведува во независен ревизорски извештај, направан по барање на Фејсбук, објави денеска Њујорк Тајмс.

Ревизорскиот извештај би можел да биде дополнителен притисок на компанијата, која веќе е соочена со бојкот на околу 900 огласувачи, а меѓу нив и големи брендови како Кока Кола, поради обвинувањата од борците за цивилни права дека на таа платформа е дозволено промовирање на говор на омраза.

„Многу активисти за човекови права се обесхрабрени, фрустрирани и бесни затоа што со години ја повикуваат компанијата да направи повеќе за подобрување на еднаквоста и борбата против дискриминацијата и притоа да ја зачува слободата на говорот”, пишува американскиот весник, цитирајќи го извештајот.

Ревизијата оцени дека Фејсбук лесно ги ослободува политичарите од почитување на регулативата и им овозможува да шират дезинформации и говор што е штетен и кој прави поделби во општеството, па дури и повикува на насилство.

Во споредба со конкурентите, Фејсбук избра да зазеде површен став кон политичкиот говор, особено во мај, кога ја остави без коментар објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, за разлика од Твитер, кој таму го оквалификува како поттикнување насилство.

Портпаролот на Фејсбук рече дека ревизијата е „темелна анализа, што покажува како можеме да ги зајакнеме и подобриме граѓанските права на секое ниво на нашата компанија, но тоа е само почеток на патувањето, а не крај”.

– Станува се појасно дека имаме уште долг пат пред нас, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави