Search

Ребиќ пак стрелец за Милан, но освои само бод во Фиренца

Милан беше пред победа над Фиорентина меѓутоа испушти два бода во финишот на мечот кога прими гол од пенал. Мечот се одигра на „Артемио Франки“ во рамките на 25. коло на Серија А. Имаше неколку интересни моменти, на пример во 34. минута Златан Ибрахимовиќ направи соло-акција по која реализира, меѓутоа судијата го поништи по консултација со колегите од ВАР собата затоа што Швеѓанецот ја добрел топката со рака.

Хрватскиот напаѓач Анте Ребиќ повторно воодушеви и донесе радост на „росонерите“. На акцијата и претходеше грешка на Касерес кој ја исфрли топката до Хрватот на кого му „легна“ и ја испрати во мрежата.

Хрватот го реши својот поранешен клуб и му покажа дека многу погрешил што не му давал шанса. Ребиќ беше пет години член на Фиорентина но одигра само осум натпревари, а беше позајмуван во Лајпциг, Верона и Ајнтрахт.

Сепак, „росонерите“ не го задржаа водството иако имаа играч повеќе на теренот (Далбер кај домашните доби црвен картон во 62 минута). Ромањоли во 85 минута собори противнички играч во својот шеснаесетник, а судијата покажа пенал. Пулгар го израмни резултатот. За малку ќе се случеше Милан да остане и без бод затоа што Беговиќ во 90 минута му одбрани удар на Касерес.

Треба да знаете
Последни објави