Search

Ребел Вилсон ќе ги води БАФТА-наградите оваа година

Актерката Ребел Вилсон оваа година ќе биде домаќин на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност („БАФТА“).

Таа ќе ја преземе функцијата од Дермот О’Лари и Едит Боумен, кои беа домаќини на главно виртуелната церемонија минатата година во услови на ограничувања наметнати од пандемијата.

Сепак, BAFTAS, познати како британски оскари, може да се соочат со главоболка откако „Наградите по избор на критичарите“ (Hollywood’s Critics Choice Awards) објавија дека нивниот настан ќе се одржи истиот ден, 13 март.

Некои ѕвезди ќе бидат номинирани и за двете, и ќе мора да изберат на која ќе присуствуваат.

Церемонијата на доделување награди по избор на американско-канадски критичари или Hollywood’s Critics Choice Awards требаше да се одржи овој месец, но беше одложена поради Омикрон-варијантата на Ковид.

Треба да знаете
Последни објави