Search

Лалчевска: Ребалансот на Буџетот обезбедува поголеми плати и ја унапредува здравствената заштита

Ребалансот на Буџетот за 2019 година, освен што поттикнува раст на платите, обезбедува повеќе пари во здравството и ја унапредува здравствената заштита.
Преку ребалансот на Буџетот обезбедени се дополнителни 193 милиони за набавка на лекови за ретки болести и инсулин.
Истовремено, во Фондот за здравствена заштита обезбедени се дополнителни 660 милиони денари за непречено остварување на правата на граѓаните од здравствената заштита.
Освен за пациентите се грижиме и за лекарите. Од месецов, вработените во здравството добиваат за 5 отсто повисока плата.
Остануваме посветени на реализација на ветувањето за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти до крајот на мандатот.
Со Ребалансот на Буџетот средствата се пренасочуваат за она што им е важно на граѓаните и затоа сите пратеници треба да го поддржат.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и политиките што се во интерес на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави