Search

Реал со 116 милиони евра тргнува по Санчо

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо може да го напушти клубот, бидејќи Реал Мадрид е подготвен да понуди за него 116 милиони евра, пренесе „Дејли мејл”.
Фудбалерот не е задоволен од својата позиција во клубот. За доцнењето од само еден ден враќајќи се од англиската репрезентација, 19-годишниот играч е казнет со парична казна од 100 илјади евра.
Во тековната сезона, Санчо настапи на 16 натпревари за Борусија, постигна четири гола и забележа осум асистенции.
Неговиот договор со германскиот клуб важи до 30 јуни 2022 година.
Исто така заинтересирани за Санчо се и Манчестер јунајтед, ПСЖ, Барселона и Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави