Search

Реал Сосиедад тргнува по Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди игра одлично во Леванте и го привлече вниманието на многу клубови.

Барди на лето најверојатно ќе го напушти Леванте, а шпанските медиуми пренесуваат дека силен интерес за него покажува Реал Сосиедад.

Леванте во моментов се наоѓа на последната позиција во Ла Лига и најверојатно ќе испадне од првенството, па Сосиедад сака да го искористи тоа.

Според медиумите од Шпанија, Реал Сосиедад е клубот кој стапил во контакт со менаџерот на Барди.

Барди бил посочен како играч кој одлично ќе се вклопи во Сосиедад, кој вечерва се пласираа меѓу осумте најдобри екипи во Купот на Шпанија, откако славеше во дерби-пресметката со Атлетико Мадрид (2-0).

Домашниот тим ја искористи големата криза во таборот на актуелниот шампион, за кој ова беше петти пораз во последните осум средби.

Треба да знаете
Последни објави