Search

Реал се согласил да плаќа дел од платата на Бејл која изнесува 600.000 фунти неделно

Шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид се согласил да подмирува дел од неделната плата за велшкиот интернационалец Герет Бејл која изнесува 600.000 фунти. Токму висината на платата е главниот проблем Бејл да замине од „Сантијаго Бернабеу“. Со овој потег на „кралевите“ се  отвора патот Бејл да се врати во редовите на англискиот премиерлигаш Тотенхем од каде во 2013 година пристигна за рекорден тренсфер во тоа време од 85 милиони фунти.

Триесет и едногодишниот Велшанец е на пат да го напушти Реал Мадрид, каде што веќе некое време не добиваше доверба да настапува. Во Тотенхем сега би бил како позајмен играч.

-Преговорите бавно напредуваат, но Герет е поблиску до заминување од Реал од кога било, изјави неговиот менаџер Џонатан Барнет. Велшкиот интеранционалец се најавува дека утре ќе замине за Лондон.

Бејл четири пати ја освои Лигата на шампионите и постигна повеќе од 100 голови во дресот на Реал.

Треба да знаете
Последни објави