Search

Реал одбил да го продаде Виничиус на Арсенал

Реал Мадрид одбил да го продаде Бразилецотcна Арсенал, кој покажал голем интерес за 19-годишникот ова лето.

Младиот фудбалер постигна 7 гола и асистираше за уште 13 во своите 36 настапи за „кралевите” минатата сезона на сите турнири од пристигнувањето од Фламенго.

Новиот технички директор на Арсенал, Еду Гаспер, разговарал со раководството на „белиот балет” за да го привлече Винчиус на „Емирати” во текот на летото. На крајот, шпанскиот гигант не се согласил, иако тренерот Зинедин Зидан ќе го искористи белгискиот репрезентативец, Еден Азар на истата позиција.

Виничиус Жуниор беше поврзан и за преминување во ПСЖ, доколку имаше договор со Нејмар, но остана во Реал Мадрид и играше на првите три натпревари за тимот оваа сезона.

Треба да знаете
Последни објави