Search

Реал нуди три ѕвезди, Барселона една и 80 милиони евра за Нејмар

Бразилскиот фудбалски интернационалец Нејмар до крајот на преодниот рок ќе го напушти францускиот ПСЖ и со сигурност ќе се врати во Шпанија. Неизвесно е само дали пак ќе биде дел од тимот на Барселона од каде отиде во Париз или пак ќе му пристапи на лутиот ривал во шпанската Примера, Реал Мадрид. Шпанските гиганти се тркаат кој ќе достави подбра понуда кај ПСЖ за да го добие Нејмар.

Актуелниот шпански првак Барселона на ПСЖ му нуди една фудбалска ѕвезда од своите редови и 80 милиони евра, а Реал Мадрид нуди три ѕвезди. Од „Кам Ноу“  во Париз може да замине бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо, додека пак од Мадрид се најавувата дека се подготвени да ги пратат кај „светците“ своите играчи Иско, Рафаел Варан и Марсело.

Францускиот тим засега смета дека не се исполнети нивните барања. Надмудрувањето надвор од фудбалскиот терен на гигантите продолжува.

Треба да знаете
Последни објави