Search

Реал нема да му го продолжи договорот на Модриќ

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид нема да му понуди нов договор на хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ. Хрватот сепак не треба да биде загрижен бидејќи неговиот актуелен договор истекува во 2020 година.

Како што  се пишува Модриќ, во 2020 ќе има полни 35 години, што ги подгрева шпекулациите дека е можно клубот да му дозволи да замине по завршувањето на сезоната.

Во овој преоден рок Модриќ се поврзуваше со трансфер во Интер, но на крајот клубот реши да го задржи.

Ова само ги потврдува информациите од Шпанија, дека првиот човек на Реал, Флорентино Перез, веќе ќе прави плановите за подмладување на тимот, во кој ќе нема место за Модриќ.

Треба да знаете
Последни објави