Search

Реал Мадрид поразен на домашен терен од Реал Сосиедад

 Големо изненадување приреди екипата на Реал Сосиедад вечерва во Мадрид совладувајќи го Реал со 2:0.

Стрелци на головите за тимот од Сан Себастијан беа Вилијан Хозе во 3. минута од пенал и Рубен Парондо во 83. минута.

Реал Мадрид последните триесетина минути ги одигра со фудбалер помалку поради исклучувањето на Лукас Васкез (втор жолт картон).

Другите два денешни натпревара од 18. коло во шпанската Примера завршија без победник:
Еибар – Виљареал 0:0
Севиља – Атлетико Мадрид 1:1.

Вечерва од 20:45 часот играат Хетафе – Барселона.

Лидер на табелата е Барселона со 37 бода и натпревар помалку, Атлетико Мадрид има 35, Севиља 33, Алавес 31, Реал Мадрид 30,… 

Треба да знаете
Последни објави