Search

Реал го победи Бетис, Рамос постигна гол во својата 17. последователна сезона во Ла Лига

Дефанзивецот на актуелниот шпански фудбалски првак Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол од белата точка на натпреварот од 3. коло против Бетис. Неговиот тим го доби натпреварот со 3:2. Дуелот на стадионот Бенито Вилијамс во Севилја го одбележа пресврти, одлични одбрани на голманите, чести консултации на судиите со ВАР просторијата, непризнаени голови, исклучување на домашниот играч Емерсон. Реал стаса до трите бода со резултаски пресврт кој го запечати Рамос со удар од белата точка.

Рамос постигнува гол во својата 17. последователна сезона во Ла Лига. Минатата сезона беше најпродуктивна за него – 11 гола на 35 натпревари.

Рамос исто така погоди од белата точка по 24-ти пат по ред, вклучително и на натпреварите од куп-натпреаврите.

Треба да знаете
Последни објави