Search

Реал ги нуди Азар или Камавинга во замена за Влаховиќ

Раководството на Реал Мадрид испратило барање за размена на играчи до Јувентус, пренесува „Calciomercatoweb”. Кралскиот клуб е заинтересиран да го придобие напаѓачот Душан Влаховиќ.

Според италијанскиот медиум, сопствениците на мадридскиот тим се подготвени да понудат еден од своите играчи во замена за српскиот напаѓач. На Јувентус им дадоа да избираат Еден Азар и Едуардо Каваминга.

Дваесет и двегодишниот Србин дојде во редовите на „старата дама” во јануари 2022 година. За трансферот на напаѓачот од Фиорентина, Јувентус плати 81 милион евра.

Влаховиќ оваа сезона настапи на 15 натпревари за Јувентус, постигна седум гола и имаше две асистенции.

Треба да знаете
Последни објави