Search

  Реалноста е неподнослива за обичните граѓани

Граѓаните на Република Македонија се соочуваат со економска и здравствена криза. Граѓаните додека се загрижени за својата иднина, СДСМ преку бледи соопштенија се фали со своите „успеси“.

Нашите сограѓани додека ги губат работните места, бизнисите на стопанствениците пропаѓаат, граѓаните го губат парчето леб, СДСМ води евтин ПР.

Реалноста е далеку поразлична од онаа на СДСМ која што ја преставува. Реалноста е дека граѓани на Република Македонија денес се чувствуваат понижени и обесправени, со огромна потреба од промени за стабилна иднина и реформи. Граѓаните бараат да се намали стапката на криминалот, корупција и конечно да има воспоставување на политика на принципи и вредности.

ВМРО-ДПМНЕ како партија чиј фундамент е слободата, правдата и принципите ќе продолжи да работи и да се бори за подобра иднина на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави