Search

Реализацијата на капитални проекти-тема на средбата на Бочварски со амбасадорот на БиХ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Драган Јаќимовиќ, на која, како што информира Министерството за транспорт и врски, станало збор за капиталните проекти што се реализираат во земјава со посебен фокус на изградбата и модернизацијата на  паневропските Коридори 8 и 10 кои се од стратешко значење за развој на регионот и негова интеграција во Европската Унија.

Министерот Бочварски на средбата истакна дека Владата е силно посветена на унапредување на целокупната инфраструктура во државата и додаде дека градежните активности, и покрај ковид-кризата со која се соочуваме, се одвиваат со добра динамика.

-Со амбасадорот Јаќимовиќ разговаравме за сите крупни капитални инвестиции што ги реализираме во нашата држава, а се од огромно значење за регионалното поврзување и интензивирање на економската соработка меѓу земјите од регионот. Ги презентирав тековните и планираните проекти за изградба и рехабилитација на патниот и железничкиот Коридор 8 и сите активности што ги преземаме во насока на негово што поскоро комплетирање. Исто така, разговаравме и за Проектот за локални патишта и планот за имплементација на Интелигентен транспортен систем, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Споменал и, како што додаде, дека во изминативе две години целосно е унапредена патната мрежа на Коридор 10 преку изградба и рехабилитација на патните делници и воведувањето електронска наплата на патарините. Во текот на средбата со босанскиот амбасадор го разгледале и прашањето за воспоставување директна авиолинија помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, во насока на развој на туризмот и авиосообраќајот, интензивирање на соработката меѓу двете земји и зајакнување на пријателските односи,

На средбата стана збор и за мерките и активностите што двете земји ги преземаат со цел да ги намалат последиците од ковид-кризата, да ја стимулираат економијата и да обезбедат непречен транспорт.

Министерот Бочварски изрази благодарност за досегашната соработка со Босна и Херцеговина и желба за интензивирање на пријателските односи и економската соработка.

Треба да знаете
Последни објави