Search

Реакција од МХЕ Тополки на вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ

Реакција од МХЕ Тополки на вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ со изнесување лаги и невистини повторно се обидува да ја манипулира јавноста. Таква беше и вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ на која беше изнесена невистина дека МХЕ Тополки по пат на непосредна спогодба добило градежно земјиште за изградба на мала хидроцентрала, што претставува класичен пример на манипулација на јавноста.

Сакаме да ја информираме јавноста дека давање на државно земјиште на користење под долготраен закуп за изградба на објекти од јавен интерес, каквишто се малите хидроелектрани, е редовна административна постапка согласно Законот за градежно земјиште и е задолжителна обврска согласно одредбите од сите Договори за концесија за изградба на мали хидроелектрани.

Конкретно, обврската за склучување Договор задолготраен закуп на државното земјиште за којсогласност треба да даде Владата, произлегува од Договорот за концесија на МХЕ Тополки ДОО кој е изработен од претходната власт и е потпишан содржавата во 2015 година. Ова земјиште кое се дава под долготраен закуп останува сопственост единствено на Република Македонија, и во ниеден случај не се пренесува сопственоста на МХЕ Тополки ДОО. Исто така, по истекот на концесискиотпериод, целосниот објект кој е инвестиција на МХЕ Тополки ќе се предаде во државна сопственост.

Потенцираме дека постапките спроведени зареализација на договорот за Концесија на МХЕТополки како што е конкретната за склучување на договори за долготраен закуп на земјиште сеидентични со постапките со кои досега се изграденинад 70 мали хидроцентрали во Република Македонија и на други концесионери.

Со ваквите невистинити тврдења и обвинувањаизнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тенденциозно и намерно се прави обид за нанесување на штета наДруштвото МХЕ Тополки, како и на неговитеосновачи кои што градат објекти од јавен интерес, а кои се за доброто на сите граѓани на Македонија. Од таа причина бараме јавно извинување од ВМРО ДПМНЕ во рок од три дена за конкретното неосновано обвинување, во спротивно ДруштвотоМХЕ Тополки ќе биде принудено да покренесоодветни судски постапки.

Треба да знаете
Последни објави