Search

Рајмондо: САД не сака да ги прекине економските врски со Кина

Американската министерка за трговија Џина Рајмондо во вчерашниот говор на Масачусетс институтот за технологија (МИТ) изјави дека Вашингтон не сака да ја прекина врската помеѓу двете најголеми светски економии – САД и Кина.

– Мораме да продолжиме да работиме со Кина. Трговијата со Кина ги поддржува работните места во Америка, посочи Рајмнондо.

Таа додаде дека САД мора да вложат повеќе напори за да бидат поуспешни во натпреварот со Кина.

И покрај сите тие предности, и ги има многу, ефективното натпреварување со Кина нема да биде лесно, ќе бара напорна работа од сите, не само од владата, посочи Рајмондо.

Таа ја претстави нова стратегија за поуспешна конкуренција.

– Имаме намера да го зајакнеме нашиот систем за контрола на извозот, да ги подобриме механизмите за проверка на инвестициите, да ја зајакнеме отпорноста на нашиот синџир на снабдување и да развиеме иновативни решенија како одговор на кинеската економска принуда и кршењето на човековите права”, рече Рајмондо.

Според неа американската стратегија за контрола на извозот долго време „била прилично реактивна” и фокусирана да се спречи Кина да ги прошири своите технолошки способности откако обезбеди пристап до американската интелектуална сопственост.

Американското Министерство за трговија во октомври објави низа мерки за контрола на извозот, сериозно ограничувајќи го кинескиот пристап до американската технологија за производство на чипови и значително ги засили напорите за ограничување на технолошкиот и воениот напредок на Пекинг.

Рајмондо истакна дека САД нема да дозволат Кина да се стекне со врвна технологија, што би ја користела за воени цели.

Кина е против американските контроли на извозот на полупроводнички чипови, тврдејќи дека тие им штетат на нејзините компании и на комерцијалните интереси на американските извозници.

Треба да знаете
Последни објави