Search

Рајан Сикрест замина на романтично патување со мистериозна русокоса

Познатиот ТВ-водител Рајан Сикрест се раздели од својата девојка Шејна Тејлор седум години откако се сретнаа првпат, открива „Дејли мејл“.

„Рајан и Шејна решија да ја прекинат својата романтична врска пред извесно време“, рече портпаролот на водителот на „Американски идол“ во ексклузивна изјава за британскиот весник. „Тие остануваат добри пријатели, најголеми поддржувачи еден со друг и секогаш ќе го паметат времето што го поминаа заедно како двојка“.

Холивудскиот ерген не губеше време и си најде нова партнерка.

Набргу по разделбата со 28-годишната манекенка Шејна, Рајан (45) „продолжи понатаму“ на романтично бегство во Мексико.

 

На фотографиите кои ексклузивно ги има добиено „Дејли мејл“ Рајан се држи за рака со мистериозна русокоса за време на релаксирачки одмор во Кабо Сан Лукас, Мексико, минатата недела.

А само пред еден месец Рајан откри дека тој и Шејн се повторно заедно веќе трет пат по бројните раскинувања.

Инаку, тој има долга историја на врски со убави жени, меѓу кои манекенки, пејачки…

Треба да знаете
Последни објави