Search

Рајан Рејнолдс се шегувал дека сака да биде следниот Џејмс Бонд

Се чини дека Рајан Рејнолдс не бил сериозен кога навести дека сака да биде следниот Џејмс Бонд.

Во интервју за „Тајмс“, актерот говореше за својата кариера и за личниот живот, а потоа посочи дека сè уште не е избран наследникот на Даниел Крег.

„Слушам дека бараат нов Бонд,“ се насмеа. „Дали би можеле да прифатите Канаѓанец кој пие џин и тоник наместо мартини? Ако е така, тогаш сум заинтересиран за улогата 007,“ рече актерот.

Но сега тој се огласи на Твитер за да ги извести своите фанови дека се шегувал: „Ве уверувам дека не бев ни оддалеку сериозен“.

Претходно и Двејн Џонсон изјави дека е заинтересиран за култната улога. Но, тој е свесен дека Американец досега не го глумел британскиот таен агент во ниту еден од 25-те филма на серијалот.

Треба да знаете
Последни објави