Search

Рајан Ренолдс нуди 5.000 долари за пронаоѓање на украденото кадифено мече

Sвездата на „Дедпул“, Рајан Ренолдс, сподели апел за помош да се пронајде еден сосем обичен предмет, кој, всушност, има непроценлива вредност.

Дебора Гобл од телевизијата Си-би-си споделила фотографија од кадифено мече во фустан пишувајќи дека е украдено и дека треба да ѝ се јават на одредена имејл-адреса ако го најдат.

Сопственик на играчката е Мара Соријано, чиј ранец бил украден за време на селидбата.

Во ранецот се наоѓале уред „нинтендо свич“ и „ајпад“, но сепак играчката била највредниот предмет во ранецот.

Мечето е непроценливо и незаменливо затоа што содржи снимка на гласот на покојната мајка на Мара, Мерилин, која починала минатиот јуни на 53-годишна возраст кога ја загубила битката со ракот. Странските медиуми пишуваат дека мајката на Мара преку таа снимка ѝ кажува дека ја сака и дека се гордее со својата ќерка.

Гледајќи ја објавата, Рајан понудил награда во вредност од 5.000 долари за пронаоѓачот на мечето, а неговиот гест ги инспирирал другите да испратат разни донации, но и да понудат награди за пронаоѓачот.

Треба да знаете
Последни објави