Search

Рашфорд со гол во финишот му донесе три бода на „Манчестер Јунајтед“

„Манчестер Јунајтед“ му го нанесе првиот пораз на домашен терен на „Бурнемаут“ оваа сезона во Премиер лигата. Стрелец на победничкиот гол за „црвените ѓаволи” беше Маркус Рашфорд во 92.минута.

Домаќините добро го отворија натпреварот и по само 11 минути имаа водство со голот на Калум Вилсон. На полувреме се отиде со резултат 1:1, бидејќи Ентони Марсијал погоди во 35.минута.

По 11 натпревари и двете екипи имаат шест победи, две нерешени средби и три порази и со 20 бода се во првата половина на табелата во Премиер лигата. 

Треба да знаете
Последни објави